еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

23 пожари за 24 часа во Македонија, два се активни

Пожарот во Прилепско се уште е активен, а утринава има нов пожар во кривопаланечкото село Кркља, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму информираат дека во гаснењето на пожарот во кривопаланечкото село од кога е пријавен пожарот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило, а од 8 часот упатена е уште една екипа со четири лица со теренско возило од „Осогово“, подружница на „Национални шуми“.

Активен останува и пожарот во прилепско каде гори сува трева и нискостеблеста деградирана шума. Таму вчера заради брзото ширење на пожарот беа активирани и три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување кои направија по два прелета.

Во последното деноноќие, според информациите од ЦУК, имало пријави за вкупно 23 пожари на отворен простор, вклучувајќи го и пожарот во кривопаланечко.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Прв лет од Москва: Руската „Нордвинд“ отвори нова редовна авиолинија Москва–Скопје

Редакција

Продолжува судењето за убиството на младиот Никола Саздовски

Редакција

Имавме неплодна средба на Комисијата, се уште сме заглавени во 10. и 11. век, вели бугарскиот копретседател Димитров

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница