еМагазин
Image default
Да помогнеме

14-годишниот Дарио е со парализа на десната нога, потребни се средства за третман со матични клетки во Грција

Семејството Павлови од Кочани ги моли сите хумани граѓани ако се во можност да донираат за помош на 14-годишниот Дарио чиј живот одеднаш се сменил со дијагностицирањето на болеста енцефалитис – трансферзален миелитис, која направила компликација и предизвикала воспаление на рбетниот мозок, објави kanal8.mk.

Тоа пак, предизвикало целосна парализа на десната нога и изнемоштена болка што се влошува и зголемува секојдневно.

За да се намали воспалението, Павлов треба да добие третман со матични клетки во Грција кој што чини многу повеќе средства отколку што може да обезбеди неговото семејство.

Секоја донирана сума е добредојдена бидејќи третманот треба да започне во септември и ќе биде од голема корист за него и неговото семејство.

Затоа семејството Павлови ги моли сите хумани граѓани колку се во можност да му помогнат на Дарио да ги собере потребните средства за лекувањето кое треба да му овозможи нормално да се движи и среќен да го продолжи детството.

Кутии за донации ќе бидат поставени за време на одигрувањето на натпреварите од Петровденскиот турнир во мал фудбал на двете игралишта на локацијата кај Гимназијата и на улицата „Скопска“.

извор: kanal8.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребни се средства за операција на очите на Горазд Арсовски

Редакција

Потребна е помош за лекување во САД: Мартин боледува од редок и агресивен тип на тумор што ја уништува коската на првиот пршлен

Редакција

Тригодишниот Алексеј се бори со тешки болести, потребни се средства за лекување со матични клетки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница