Денеска во 02.04 часот во Македонски Брод, полицијата го уапсила 25-годишниот М.С. од Македонски Брод поради возење во пијана состојба и предизвикување сообраќајна незгода.
„Во 01.30 часот на ул.„Крушевска Република“ во Македонски Брод, со патничко возило „пежо“ со скопски таблички, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Т. (28) од Скопје, при што причинил само материјална штета, а повредени лица нема.
По преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.04 промили алкохол во крвта“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По документирање на слуачјот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: Unsplash