еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

25 дена молк од македонските власти за скандалозното бегство на Груевски

И по 25 дена откако поранешниот македонски премиер, Никола Груевски на својот Фејсбук профил соопшти дека е во Унгарија (13 ноември) и дека таму ќе бара политички азил, кој во меѓувреме веќе го доби, молк од македонските институции за овој голем скандал.

Периодот е подолг за уште неколку дена, ако се смета дека Груевски ја напуштил Македонија на 10 ноември.

Сите земји од регионов низ кои била “маршутата“ на неговото бегство (Албанија, Црна Гора и Србија) излегоа со официјални информации и детали, а единствено нема информации за тоа како побегнал, кој му помогнал и кога ја напуштил Македонија, од ниту една македонска институција: Министерството за внатрешни работи (МВР), Бирото за јавна безбедност, Министерството за надворешни работи, Управата за безбедност и контраразознавање, Финансиската полиција, Јавното обвинителство…

Она што и е познато на јавноста е дека се водат две истраги во МВР, а предистражна постапка отвори и Јавното обвинителство.

Последната изјава за бегството на Груевски од премиерот Зоран Заев е дека тој ги знае сите детали за неговото бегството, но ќе ги соопшти истите на јавноста “кога ќе дојде време„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе му се суди ли и на Груевски за настаните од 27 април?

Да не „бомбардира„ и Груевски од Унгарија

Груевски додека има мандат ќе зема пратеничка плата, која ќе му се намалува

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работилница на „Макпетрол“ против врсничко насилство за родителите од Илинден и Петровец

Редакција

Каков имот пријавил Саит Саит, разрешениот директор на ЈП Улици и патишта

Редакција

Каков имот пријавила Славица Кутиров, која поднесе оставка од директорската позиција во Царина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница