еМагазин
Image default
Бизнис

258 работодавачи се уште не поделиле плата, а зеле државна помош

Јавното објавување на компаниите вроди со плод, затоа што имаме драстично намалување на бројот на компании што немаат исплатено плата на своите вработени, истакна денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.

Таа посочи дека останале 258 работодавачи кои добиле финансиска поддршка, а немаат исплатено плата соодветно како што било наведено во уредбата и законите, односно тоа се однесува за, април, мај и јуни, односно октомври, ноември и декември.

– Двесте дваесет и шест од овие 258 работодавачи не исплатиле плата за еден месец, 26 не исплатиле плата за два месеца и шест компании немаат исплатено плата за три месеци.

Кај оние кои направија злоупотреба за декемвриската плата, значи ги спроведовме сите дејствија за присилна наплата што ни беа таргетирани од страна на Законот за даночна постапка, рече Лукаревска одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

Додаде дека ќе продолжат координираните контроли на Државниот инспекторат за труд и ќе достават и соодветни прибелешки.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неограничени патувања цела година: „Виз ер“ лансира „All you can fly“ членство

Редакција

Во блок-трансакција на берзата продадени акции од Стопанска банка Битола за 130.000 евра

Редакција

Кризата во автомобилската индустрија во Германија, веќе се чувствува и кај дел од македонските добавувачи

Силвана Жежова
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница