еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Ненадејно почина македонскиот ракометен тренер Андон Бошковски – Доне

Со длабока тага и неверување Ве информираме дека ненадејно почина Андон Бошковски – Доне, информираше Ракометната федерација на Македонија на нивниот Фејсбук-профил.

Неговата кариера како тренер, започна во клубот за кој играше Работнички.

Во 2004 година стана асистент тренер во составот на Металург, а потоа го водеше и тимот на Младост Богданци, пред да се врати во Металург каде остана до 2011.

Од Металург се пресели во Вардар, каде му беше асистент на Веселин Вујовиќ, а потоа и прв тренер.

Во 2015 година го презеде составот на Работнички, пред да започне интернационална кариера во романскиот клуб Роман.

Беше дел и од проектот на Еурофарм Работник, работеше во Струга, Голден Арт и Радовиш, а од лани ја презеде на клупата на косовскиот Вучитрн.

Во македонската репрезентација работеше од 2008 до 2013 година како дел од стручниот штаб.

Фото: РФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за управување со одземен имот вработува четири лица, плата до 38.165 денари

Редакција

Од утре се укинува задолжителниот ПЛФ формулар за влез во Грција

Редакција

Рама побра од ЕУ да не го повторува срамното однесување кон Западен Балкан за енергетската криза, како со пандемијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница