еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

26-годишник со возило усмрти велосипедист

Денеска, во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В. (26) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.К. (78) од Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, а возачот К.В. бил лишен од слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арсим Хасани именуван за директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување

Редакција

Ферид Мухиќ: За евтиниот трик на ЕУ и Бугарија, Владата не може да донесе одлука без референдум

Редакција

Лажни се сите дојави за бомби во скопските училишта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница