еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

26-годишна девојка од Кавадарци пронајдена мртва во Штип

Девојка на возраст од 26 години од Кавадарци е пронајдена мртва во Штип.

Нејзиното беживотно тело е најдено во куќа во центарот на градот, во близина на градската црква „Свети Никола“.

Порталот ММС објави дека таа живеела во куќата под кирија и дека неофицијално била почината неколку дена.

Од Јавното обвинителство потврдиле дека врз нејзиното тело нема видливи траги на насилство, а обдукцијата треба да даде одговор за причината за смртта.

Повеќе информации за трагедијата се најавени за денеска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗК Пелагонија со добивка во третиот квартал

Редакција

Детали од МВР за сообраќајката во која загина маж, а две малолетни деца се повредени

Редакција

Бесплатен влез и над 30 музички ѕвезди и хуманитарна мисија на Д Фестивал во Штип

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница