еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

27. роденден: Како се роди денарот

Македонски денар денеска го слави 27. роденден. Воведен е на 26. април 1992 година.

Монетарна самостојност на Велигден

Република Македонија монетарно се осамостоила на 26. април 1992 година (Велигден), кога Собранието на Република Македонија донело пакет-закони со кои се поставила институционалната рамка на монетарниот систем и се вовел денарот како парична единица на Република Македонија.

Денарот се дели на 100 дени (кои повеќе не се користат), а неговиот скратен назив во платниот промет е „ден.“

Првиот премиер на Република Македонија, Никола Кљусев од собраниската говорница ги презентираше првите македонски пари – денари – со зборовите:

„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“.

На 27 април 1992 година започнала замената на книжните југословенски динари со вредносни бонови во однос 1:1, при што замената траела три дена.

Книжните пари што гласеле на југословенски динари дефинитивно престанале да важат како платежно средство во Република Македонија на 29. април 1992, додека кованите пари со апоенска вредност од 1, 2 и од 5 југословенски динари останале во оптек уште една година.

Користени материјали од Википедија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имало предлог и да се вика „лав“: Како денарот, кој го слави својот 27.роденден, го добил името

Фото: НБРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да му помогнеме на Петар кој како последица од ретка болест, има сколиоза која треба да се оперира во Турција

Редакција

Филипче излегува од изолација: И вториот тест за корона вирусот е негативен

Редакција

„Порше лизинг“ го доби тендерот за набавка на возило на СОЗР на Владата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница