еМагазин
Image default
Локално

28-годишен скопјанец со компјутерски криминал за три месеци заработил 20 илјади евра

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „компјутерска измама“, казниво по член 251-б став 1 во врска со став 2 и став 6 од Кривичниот законик на Република Македонија.

„На 08.11.2018 година, врз основа на судска наредба, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршил претрес во домот на пријавениот и притоа било утврдено постоење на активна SIMBOX телекомуникациска опрема, која била одземена.

Пријавениот ја набавил опремата и вршел нелегална терминација на телефонски сообраќај. На тој начин С.Н. се стекнал со противправна имотна корист од 1.343.401 денари за периодот од 03.08.2018 до 09.11.2018 година“, се вели во соопштението на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две кафулиња во центарот на Скопје вечерва се затворени заради журки и непочитување на ковид-мерките

Редакција

Измама во Тетово: Полициски советник му зел 5.000 евра за да ја „вработи“ ќерката

Редакција

Редуциран возниот ред на ЈСП „Скопје“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница