еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

28-годишна девојка загина во земјотресот кој ја погоди Босна и Херцеговина

Во земјотресот кој синоќа ја погоди Босна и Херцеговина со јачина од 5,7 степени според Рихтер, загина 28-годишна девојка од Столац, а нејзините родители и сестра полесно се повредени.

Девојката била донесена во тешка состојба, при што, и покрај обидот за реанимација, таа починала како последица на повредите.

Според информациите на босанските медиуми, од силината на земјотресот карпа се срушила врз нејзината куќа во населбата Кукавац.

Епицентарот на земјотресот бил во источната општина Љубиње, 19 километри источно од Столац.

Засега, нема пријавени други жртви, освен материјална штета на станбени згради и институции.

Овој земјотрес беше почувствуван во поголемиот дел од БиХ, Хрватска и Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје, Тетово и Гостивар го почувствуваа земјотресот што ја погоди БиХ со јачина од 5,7 степени по Рихтер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Edu Cuts Talks: Следете ги фестивалите и конкурсите, аплицирајте, па дури и да ве одбијат, не се откажувајте!  

Редакција

22 години од убиството на осумте бранители кај Љуботенски Бачила

Редакција

Дан и Лиа Пержовски ќе пренесат во МСУ, дел од уметничкиот концепт изложен во Њујорк

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница