еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

28 годишна телевизиска презентерка предлог на Владата за генерален конзул во Њујорк

Дваесет и осумгодишната телевизиска презентерката Бесмира Ејупи е предлогот на Министерството за надворешни работи и на Владата за нов генерален конзул на Македонија во Њујорк, објави телевизијата Телма.

Синоќа на затворена седница на Владата токму таа поминала како предлог да ја претставува државата во Њујорк, речиси без забелешка од министрите иако нејзиното портфолио за оваа позиција е благоречено дискутабилно, објави телевизијата.

Законот за надворешни работи предвидува доколку лицето кое се избира да биде упатено како генерален козул, а не доаѓа од редовите на професионалните дипломати, треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи.

Во биографијата на Ејупи доставено пред една година, во декември 2020 година, до Собранието кога конкурирала за член во Комисијата за заштита од дискриминација, од работно искуство навела само дека била презентер во четири телевизии.

Телма ја контактирала телефонски Ејупи. На прашањето дали може да потврди дека е кандидат за генерален конзул во Њујор кратко одговорила: „Нема ништо да потврдам, но за неколку дена можам да ви дадам изјава“, по што ја прекинала телефонската врска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Владата ниту потврдуваат, ниту демантираат дека телевизиска презентерка е назначена за конзул во Њујорк

Фото: Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за Зеќири почна од почеток, обвинетиот повторно се изјасни за невин, испитани сведок и вешто лице

Редакција

Од лични причини, Томислав Тунтев поднел оставка од функцијата директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство

Редакција

Иуте Кредит Македонија се ребрендира во Иуте, зајакнувајќи ја улогата на лидер во дигиталната трансформација во повеќе сфери на финансиското работење

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница