еМагазин
Image default
Македонија

28-годишник уценувал девојка за 1.500 евра, за да не објави нејзини фотографии и видео-клипови со компромитирачка содржина

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кои постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 28-годишник, во периодот од 21 до 31 јануари, преку мобилната апликација Вибер, побарал од една оштетена да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина.

На 31 јануари, по претходен договор, се сретнале со оштетената во кафе бар на плоштадот „Македонија“, каде таа му предала парични средства во износ од 30.750 денари, односно 500 евра во денарска противвредност.

Веднаш по преземањето на парите осомничениот бил приведен,“ се вели во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека постои опасност од бегство, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинетиот Манев и покажал на полицијата каде е закопан Панче

Редакција

Поради шпионажа за фирмата „АТС груп“ од Македонија во Србија приведени тројца инжинери од „Крушик“

Редакција

Обвинителството побара притвор за шест лица приведени во акцијата на МВР

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница