еМагазин
Image default
Бизнис

288.377 Македонци летово биле во Грција

Најфреквентниот граничен премин „Богородица“ во периодот од 15 јуни до 15 септември, кој се смета за главна туристичка сезона, на влез и излез од земјава го поминале вкупно 1.536.184 туристи, што во споредба со лани претставува зголемување за околу 15 отсто, изјави денеска за МИА командирката Јасмина Аврамска.

Во изминатиот тримесечен период на излез од земјата биле регистрирани 830.456 патници, од кои 288.377 биле Македонци, а 542.079 биле странски државјани. Истовремено во земјава влегле вкупно 705.728 патници, од кои 206.084 биле македонски државјани, а 499.644 биле странски државјани.

Од вкупниот број патници што за време на главната туристичка сезона транзитирале преку граничниот премин „Богородица“ околу половина милион, или точно 494.461, биле македонски државјани, додека 1.041.723 биле странци.

Во шпицот на туристичката сезона постојано активни биле шесте сообраќајни ленти за излез и влез од државата како и сите вработени, кои честопати биле и вонредно ангажирани, поради што не се забележани екстремни задржувања на возилата и туристите при излез и влез во земјава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

А1 Македонија со поголем удел од Македонски телеком на пазарот на „мобилен интернет“

Редакција

Во март годишен раст од 6,8% на депозитите и од 6,6% на кредитите

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од Стопанска банка Битола за 33.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница