еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Забрзана ЕУ-интеграција и економска соработка, тема на неформалната средба на премиерите на земјите од Западен Балкан

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, денеска во Тирана учествуваше на неформална средба на премиерите на земјите од Западен Балкан со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеjи.

Како што информираат од владината прес-служба, на состанокот на еврокомесарот Вархеји со премиерите на Албанија Еди Рама, на Србија, Ана Брнабиќ и на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, е разговарано за темите во насока на подготовка на состанокот на Берлинскиот процес којшто ќе се одржи во октомври во Тирана, бидејќи оваа година Албанија претседава со Берлинскиот процес.

-Клучни теми на кои разговаравме е планот на ЕУ за забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан, којшто се потпира на неколку основни столбови а тоа е прво, побрзо приближување на земјите од Западен Балкан до заедничкиот пазар на ЕУ.

Второ зголемување на фондовите за финансирање на важни регионални проекти. Трето зголемување на економската соработка и интеграција меѓу земјите од Западен Балкан и четврто забрзување на клучните реформи во секоја од државите, потенцираше Ковачевски.

Премиерот нагласил дека се работи за амбициозен план, за амбициозна агенда на која, ќе работеле сите заедно и она што исто така ќе биде дел од работата во периодот до октомври и после него е исто така ратификацијата и ставањето во функција на договорите кои веќе беа потпишани на состанокот во Берлин минатата година, на кои веќе земјите работат, тука пред се се мисли на меѓусебното признавање на дипломите, како и на другите договори кои беа потпишани во рамки на иницијативата на Берлинскиот процес, а кои договори се депонирани во нашето Министерство за надворешни работи.

Вархеји денеска на Твитер објави дека со премиерите на Албанија, Србија, Македонија и Црна Гора разговарал за новата стратегија за раст за Западен Балкан.

„Посветени сме на брзо спроведување на овој план за конвергенција“, напиша Варгели на Твитер.

Тој додаде дека Рама го поканил во Тирана да разговараат за забрзување на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра

Редакција

Што треба да знаете за ХПВ, вирус од кој е заразен секој трет маж во светот

Редакција

„Бауер БГ“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на булевар АСНОМ вреден 822.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница