еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

3.3 милиони денари за Надзорниот одбор на Македонијатурист лани

На членовите на Надзорниот одбор на Македонијатурист АД Скопје лани им се исплатени бруто 3.367.949 денари, соопшти Друштвото во годишниот извештај, објавен преку Македонската берза.

Претходната година сумата за оваа намена била 2.229.100 денари.

Во текот на минатата година имаше драстични промени во акционерската структура на Друштвото, а со тоа и во Надзорниот одбор (НО).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонијатурист доби нов Надзорен, Доне Таневски не е повеќе претседател

Првично истиот го сочинуваа Дoне Tаневски, кој беше претседател на НО, и членовите Верица Хаџи Василева-Марковска, Владо Богдановски и Ѓорѓи Јанчевски.

Тие беа отповикани, а актуелниот состав на НО на Друштвото го сочинуваат Горан Марковски, кој е претседател, а нови членови се и Горазд Поповски, Сашко Бошков и Олга Павлова.

Друштвото е сопственик на хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн Хотел “Турист”, “Карпош“, “Белви”, како и на хотелите “Водно“, “Бристол“, “Јадран“, “Сарај“ и ресторанот Пивница, кои не работат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се отвори ли повторно култниот хотел „Бристол“ во Скопје?

Ацо Дудулоски, Горан Ташков и Маја Николовска нови членови на УО на Македонијатурист

Нов претседател на Надзорниот одбор на Македонијатурист е Горан Марковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Центар за граѓански комуникации: Ковид-19 набавките сѐ уште изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција

Редакција

Нови 24 случаи на Ковид-19 од 4.133 тестирања, бројката на активни е 310

Редакција

Трагедија во Гостивар: Дете почина, а жена е тешко повредена во пожар во зграда

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница