еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

31 од новозаразените со корона вирусот немале контакт со потврден случај, едно лице неодамно патувало

Вчера во Македонија беа регистрирани 89 нови случаи на заразени со корона вирусот.

“Најзастапена е возрасната група од 30-39 години со 27 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 48 лица од женски и 41 од машки пол.

Регистрирани се 8 хоспитализирани, а кај 25 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Од вкупниот број на нови случаи, 58 имаат контакт со потврден случај.

Регистрирано е едно лице со странско државјанство и историја на патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Од податоците произлегува дека 31 лице од новозаразените посочиле дека немале контакт со потврден случај, што создава забуна и го отвара прашањето како овие лица се заразиле и дали станува збор за нови кластери.

Прашан за тоа на вчерашната прес конференција за сличниот тренд претходниот ден, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека не станува збор за нови кластери, туку дека заразените не даваат точни податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новозаразениот со корона вирусот во Струмица е од Косово

Чаир има повеќе активни случаи на Ковид-19 и од Куманово и од Штип

Само еден од седумте новопочинати без претходни заболувања, а истиот имал контакт со потврден случај

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ја носи ли Грција владата на Мицотакис повторно во бездна?

Редакција

(Фото) Денис Јанкуловски Космонаутко добитник на наградата „Европејци на годината“, кои се другите наградени?

Редакција

„Не се бореа Роза и Клара за сега вие на Цеца да личите, ам ај“: Твитер реакции за 8 Март

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница