еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

32-годишен маж почина по алергиска реакција од аналгетик, Таравари го разреши директорот на кумановската болница

Во Општата болница Куманово пред неколку дена почина 32-годишниот Ведат Адеми, по алергиска реакција од аналгетик, по примена инфузија во Хируршкото одделение.

Вчера министерот за здравство, Арбен Таравари го разреши директорот на болницата, Стефан Трајановски, “поради пропусти во лекувањето“, посочувајќи дека од извештајот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат многу лесно може да се констатира дека имало предуслови за разрешување на директорот.

Тој потенцира дека тим од Министерството за здравство ќе ја разгледа целата документација по што ќе му ја предаде на Јавното обвинителството, а Судот ќе ја донесе конечната одлука дали постоела лекарска грешка во третманот на пациентот или не.

Семејството на Адеми претходно обвини дека нивниот син починал поради лекарска грешка, бидејќи му била дадена инфузија со лек на кој е алергичен.

Телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Новиот директор ќе биде од самата болница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Одземени над 200 килограми тутун поради неплатени давачки

Редакција

Вкупно 11.904 лица од март до мај останале без работа

Редакција

31% од заразените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница