еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

33 лица во Македонија од Ковид-19 починале надвор од болница

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 16 август, покажуваат дека кај 80,1% од починатите од Ковид-19 во Македонија се регистрирани претходни заболувања.

„Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=397) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 103,6/100.000 жители.

Регистрирани се 345 смртни случаи кај лица од машки и 202 кај лица од женски пол.

Од починатите, кај 438 (80,1%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=332), дијабет (n=153) и белодробна болест (n=79).

Регистрирани се два смртни случаи кај бремени жени и четири смртни случаи кај здравствени работници.

Триесет и три (6,0%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 514 (94,0%) починале за време на хоспитализација“, стои во извештајот, кој еМагазин редовно го пренесува.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка и извинување од Ковачевски за смеењето за “премиер на западна Бугарија„

Редакција

Кои се осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Редакција

Министерството за животна средина склучи договор со „Конструктор“ вреден 4 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница