еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

33-годишен маж загина во сообраќајка на патот Дебар-Струга

Маж на возраст од 33 години загина вчера во сообраќајка која се случи на патот Дебар-Струга, во близина на дебарското село Отишани.

Станува збор за Б.Р. од Кичево, кој починал на местото на несреќата, а како што информираа од Сектoрот за внатрешни работи Охрид, во несреќата се судриле патничко моторно возило „пежо-406“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Б.Г. од Скопје и мотоцикл „дукати“ со кичевски регистарски ознаки, кој бил управуван од починатиот маж.

Во сообраќајката е повредена и 42-годишната М.Г. од Скопје, која била сопатничка во автомобилот.

Таа била пренесена во дебарската Општа болница.

Телото на починатиот е дадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Етно-куќа „Благибог“ – прекрасна можност за „бегство“ во Мариово

Редакција

И Студеничани без струја поради кражби

Редакција

Двајца 14-годишни малолетници од Скопје ги праќале лажните закани за бомби во училиштата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница