еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

35 Авганистанци кои привремено престојуваа во Македонија заминаа за Грција

Од Владата денеска соопштија дека 35-мина граѓани на Авганистан, кои привремено престојуваа во Македонија, денеска заминале за Грција, каде им е обезбедено трајно прибежиште.

– Групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства. Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата, велат од Владата.

Во земјава престојуваат 407 граѓани од Авганистан.

– Институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации, велат од Владата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дигитализацијата и забрзаниот економски развој, во фокус на годинешниот Самит на Македонија 2025

Редакција

Имако Вино со ново македонско пенливо вино Fama

Редакција

Професор Трајковски: Моменталната прележаност од Ковид-19 е 29,8%, ако се вакцинираат барем 1,1 милион жители, можеме сосема да спречиме нов бран

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница