еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

38-годишен маж од Луково пронајден мртoв во близина на деловен објект во селото

Триесет и осум годишен жител на струшкото село Луково бил пронајден мртов во близина на деловен објект во селото, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, случајот во полиција бил пријавен вчера во 6 часот и 25 минути.

– Во близина на деловен објект во струшкото село Луково бил пронајден починат В.Ј. (38) од истото село. Увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош од Струга, изјави портаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крие ли Груби имот: Какво возило пријавил во неговиот анкетен лист

Редакција

Основците од утре без маски во училиштата

Редакција

Од понеделник со 4.000 вакцини ќе се вакцинираат вработени во МВР, АРМ, новинари, пожарникари, возачи, воспитувачи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница