еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

42-годишен прилепчанец пронајден мртов во парк

Од МВР информираа дека 42-годишен жител на Прилеп вчера рано наутро бил пронајден мртов во паркот спроти градскиот плоштад.

Како што информираше СВР Битола во 06.58 од страна на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп било пријавено дека е пронајдено безживотното тело на прилепчанецот.

– Полицијата доби информација дека во паркот спроти плоштадот „Методија Андонов Ченто” во Прилеп бил пронајден починат Г.В. (42) од Прилеп. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, велат од СВР Битола.

Оттаму додаваат дека по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре задолжително зимски гуми и опрема во автомобилите

Редакција

48-годишен маж од Струга пронајден починат во мотел во Ѓорче Петров

Редакција

(Фото) Повредено 8-годишно дете се спаси себе си и татко му после сообраќајка на патот Дреново- Кавадарци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница