Маж на возраст од 46 години вчера попладне загина во сообраќајка на патот Битола-Ресен.
Засега нема целосно детали за неговиот идентитет, а познато е дека е од ресенско село.
Несреќата како што информираа од Секторот за внатрешни работи Битола се случила кај местото викано Макази.
Во истата учестувале патничко моторно возило „бмв“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од починатиот, кое удрило во патничко возило „пежо“ со битолски ознаки, кое пак потоа удрило во друго патничко возило „бмв“ со ресенски ознаки, управувано од 47 – годишен жител на ресенско село, кој имал и сопатник.
Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола.