еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

48-годишен кичевец пронајден мртов во прилепско село Десово, двајца осомничени за убиство

Четириесет и осумгодишниот Р.Л. од Кичево вчера е пронајден починат во куќа во село Десово, каде привремено живеел.

Според Министерството за внатрешни работи, причина за смртта на кичевецот се тешки телесни повреди што му ги нанеле А.Ѓ. (29) и Д.Ѓ. (67) од село Десово, Општина Долнени.

– Смртта настапила поради тешките повреди нанесени на главата и телото, што ги констатирал и лекар од медицинската прва помош од Прилеп, а увид извршила увидна екипа од ОВР-Прилеп и јавен обвинител од овој град, информира МВР.

Од полицијата дополнуваат дека по целосно документирање на случајот против А.Ѓ. и Д.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најверојатно ќе биде потребна трета доза вакцина, вели Филипче

Редакција

„Да бидеме искрени, иако игравме финале и ја победивме Италија, уште не сме таму каде што се овие селекции“, рече селекторот Милевски по поразот од Португалија

Редакција

(Галерија) Семејната компанија „Завар“ прослави 30 години постоење: Кога од иноксот создавате уметност

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница