еМагазин
Македонија

51% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со 27 август вакцинирани се вкупно 712.338 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 8.530 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.296 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 1.234.123 дози вакцини, а ревакцинирани се 521.784 граѓани.   

„Со последните бројки 51% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина 26% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител,“ се вели во соопштението.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест наши граѓани ја поминаа границата на Украина и се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде продолжуваат кон Бугарија, информира Османи

Редакција

Регистрирани нови 25 случаи со корона вирусот, 14 од нив во Скопје

Редакција

(Фото) Царината заплени непријавени 329 раствори за инјекции за визуелизација при магнетна резонанца

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница