еМагазин
Image default
Македонија

МВР и денеска ќе издава лични карти

Одделенијата на МВР за управни работи ќе работат денеска, како и на 4 и 5 мај кога треба да се одржи вториот круг од претседателските избори.

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при МВР и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

– Барањата за за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота, 20 април. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи.

На денот на претседателските и локалните избори, недела, 21 април 2019 година, Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти. Истото ќе важи и за вториот изборен круг, соопштија од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Национални шуми: Граѓаните да не палат оган на отворено, да не се фрлаат шишиња

Редакција

Антикорупциска ја отфрли претставката на ВМРО-ДПМНЕ за изборни нерегуларности

Редакција

Од 12 јули вакцинација и без закажан термин

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница