еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

71 пратеник ќе водат „ЗА“ кампања за референдумот за името, Антонио Милошоски за сега единствен што ќе води кампања за бојкот

Пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците, Беса и двајца независни пратеници или 71 пратеник, до претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, испратиле допис со кој го информираат дека нивните пратеници ќе земат активно учество во јавната кампања за референдумот на државно ниво, кој ќе се одржи на 30-ти септември 2018-та година и дека се изјаснуваат „ЗА“ референдумското прашање, информираа од Собранието.

Пратеникот Антонио Милошоски, како поединец пратеник испратил допис дека ќе учествува во кампањата со бојкотирачки став, бидејќи е против референдумското прашање.

ВМРО-ДПМНЕ се уште нема доставено известување, а според најавите од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе го сторат в среда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Причината за автобуската несреќа кај Ласкарци не е од машинска природа, тврди вештакот Мирчевски

Редакција

Ремзи Мемеди од Алијанса на Албанците нов пратеник

Редакција

Убава вест: Оздравени 572 пациенти заболени од Ковид-19, најмногу од Скопје 162

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница