еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

74-годишен пешак загина во близина на ТИРЗ Прилеп, во него удрил камион

На 26.02.2025 во СВР Битола било пријавено дека околу 19.30 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на надвозник на Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Прилеп, товарно возило „ман” со скопски регистарски ознаки со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д. (50) од Скопје, удрило во пешакот О.Б. (74) од с.Беровци, прилепско, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од здобиените повреди на местото починал пешакот О.Б., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Славеле роденден: Двајца приведени за огнометот во Градски Парк

Редакција

Охридска банка Сосиете женерал се продава на Штаермеркише Шпаркасе

Редакција

Потребна е сериозна државна поддршка за справување со енергетското цунами, велат од Сојуз на стопански комори

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница