еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

76,3% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Според последните податоци објавени вчера, во Македонија поради компликации од корона вирусот досега починаа 157 лица.

“Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 13.04.2020 година (n=9), а според недела на пријавување во тек на 22-рата недела (n=23).

Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=102) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 26,6/100.000 жители.

Регистрирани се 106 смртни случаи кај лица од машки и 50 кај лица од женски пол.

Од починатите, кај 119 (76,3%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=85), дијабет (n=32) и белодробна болест (n=30).

Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена.

Девет (5,8%) од пријавените починале во вонболнички услови, а останатите 94,2% починале за време на хоспитализација“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје, заклучно со податоци до 7. јуни, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија има повеќе жени заразени со корона вирусот

Драстичен раст: 342 лица до 19 години заразени со корона вирусот

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска се избира ректор на УКИМ, кои се кандидатите

Редакција

Нови 43 случаи во Тиквешко, уште еден здравствен работник во Кавадарци позитивен на Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Експеримент во Јапонија покажува колку брзо се шири коронавирусот во ресторан

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница