еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

77-годишен велешанец кој беше пријавен за исчезнат, пронајден мртов во кругот на ТИРЗ-Штип

На 04.01.2025 година во 09.30 часот во Полициската станица Велес У.К. (54) од село Горно Оризари, велешко, пријавил дека неговиот братучед М.Г. (77) од истото село се оддалечил од неговиот дом.

Според пријавеното, претходниот ден во 22.00 часот добил повик од неговиот пријател В.С. кој имал шлеп служба дека М.Г. му се јавил и му кажал дека со неговото патничко возило „Спарк“ со велешки регистаски ознаки излетал во дупка на регионалниот пат Штип-Радовиш, по што В.С. а потоа и пријавителот со неколку други лица во текот на ноќта извршиле обиколки на патот, но не успеале да го пронајдат.

На 04.01. по претходна пријава во СВР Штип од страна на лицето Т.М. дека негов вработен, во кругот на ТИРЗ – Штип, забележал на коловозот починато лице, во 12,00 часот од страна на увидна група при ПС за БПС Штип и ОКТУПА при СВР Штип, заедно со ИМП Штип излезено е на лице место при што е констатирано дека се работи за лицето М.Г.

По насоки и овластување од надлежен ЈО при ОЈО Штип извршен е увид, а телото е предадено за обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ексклузивна регионална премиера на „Убијците на мојот татко 6“ на 15 јануари само на mPLAY TV

Редакција

На штипјанец му „прегорел“ телефонот зошто носи исто име со лице кое не сакало да соработува со епидемиолозите

Редакција

Кривична пријава за лихвар од Прилеп: За заем од 70.000 денари му зел камата од 100.000 денари и комбе

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница