еМагазин
Image default
ЖИВОТ

776 аптеки ќе добијат зголемување на квотите за лекови за 12 илјади денари

Вкупно 776 приватни здравствени установи – аптеки со кои Фондот за здравствeнo осигурување во моментов има склучено договор за март 2019 година ќе добијат рамномерно зголемување на квотите за лекови за 12 илјади денари.

Фондот соопшти дека континуирано ја следи достапноста до лековите на рецепт и работи на обезбедување подобра снабденост со лекови во текот на целиот месец. Ова, како што се наведува, се прави со цел осигурениците да може да ги подигнуваат потребните лекови во аптеките, во близина на нивното место на живеење.

– Линеарното зголемување на квотите за дополнителни 12 илјади денари е обезбедено за секоја здравствена установа – аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари и ќе важи само за март. Фондот сака да укаже дека еден од условите за зголемување на месечната
квота е аптеките да издаваат најмалку 20 отсто лекови за кои осигурениците не треба да доплаќаат, се вели во соопштението од ФЗОМ.

Фондот информира дека продолжува внимателно да ги следи состојбите со достапноста на лековите на рецепт во аптеките.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познат идентитетот на 29-годишната девојка од Македонија која загина во сообраќајка кај Солун

Редакција

Арсим Зеколи за кампањата во Грција: Гестот со Macedonia is GReat е понижувачки

Редакција

„Сите болести да ги фатиш, аир да не видиш“: Посетител на Зоолошка со навреди кон вработена

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница