еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

8 Март во Рамстор Мол: Жената е секогаш центар на нашето внимание

Од 02 до 08 март во Рамстор Мол во центар на внимание ќе бидат жените!, информираат од таму

-По повод Меѓународниот ден на жената, Рамстор Мол традиционално подготви многу изненадувања, попусти и промоции за сите дами.

Паралелно со големите попусти на женската колекција, во Рамстор Мол ќе се одржи и Базар на рачни ракотворби, каде секој ќе може да избере уникатен производ за себе или за своите најблиски.

На 8 Март, во периодот од 12 до 15 часот, со секоја приложена сметка над 1.000 денари, направена во некое од продажните места во Рамстор Мол, како и во Рамстор маркетот добивате подарок.

Дополнително, Денот на жената го одбележуваме и со бесплатно паркинг место за секоја жена во времетраење од 2 часа.

Изберете подарок од богатата понуда на Рамстор Мол, разгалете се себеси, или покажете им љубов и внимание на најзначајните жени во вашиот живот, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманиот Александар Ѓеорѓиевски обезбеди дом за мајка со три деца

Редакција

Дан и Лиа Пержовски ќе пренесат во МСУ, дел од уметничкиот концепт изложен во Њујорк

Редакција

Реплек ве повикува на тотален РЕсет – вежбај на отворено со Елена Бубало во паркот на Франкофонијата во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница