еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

80,3% од починатите од Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања, 5% починале надвор од болница

Заклучно со последните податоци, објавени вчера, бројот на починати од компликации од корона вирусот во Македонија изнесува 306.

„Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=215), каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 56,1/100.000 жители.

Регистрирани се 188 смртни случаи кај лица од машки и 111 кај лица од женски пол.

Од починатите, кај 240 (80,3%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=185), дијабет (n=82) и белодробна болест (n=48).

Регистрирани се два смртни случаи кај бремени жени и еден смртен случај кај здравствен работник.

Петнаесет (5,0%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 284 (95,0%) починале за време на хоспитализација“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје, заклучно со податоци до 28. јуни, која еМагазин редовно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

30,3% од заразените со Ковид-19 во Македонија без симптоми, 66,2% имале контакт со потврден случај

Вкупно од Ковид-19 се заразиле 61 бремени жени, 29 биле без симптоми

78,8% од оздравените од корона вирусот во Македонија се лекувале дома

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија ќе ги прекине воените операции во близина на фабриката „Азовстал“ и ќе дозволи хуманитарен коридор

Редакција

Убава вест: Оздравени 534 болни од Ковид-19

Редакција

Објектот е купен со кредит што ќе го отплаќаме 20 години, реагираат од „ЕТЦ травел“ на пресот на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница