Македонија е рангирана на 93. место според Индексот на корупција за 2018 година што го објави Транспаренси интернешнал.
Македонија го дели 93. местото со Косово. Од земјите во регионот подобро е рангирана само од Албанија. Словенија е на 36. место, Хрватска на 60., Бугарија 77., Грција и Црна Гора 67., Србија на 87., а БиХ на 89. место.
Најмалку коруција, според Транспаренси интернешнал, има во Данска, Нов Зеланд, Финска, Сингапур, Шведска и Швајцарија, а најкорумпирани земји во светот се Сомалија, Сирија, Јужен Судан, Јемен и Северна Кореја.
Со идексот на корупција на Транспаренси интернешнал се опфатени вкупно 180 земји.
МИА