еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Фото) Како помина светската премиера на „Врба“ на Манчевски во Рим

Синоќа, во рамките на Филмскиот фестивал во Рим се случи гала светската премиера на филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски.

Премиерната проекција на „Врба“ во салата Петраси беше полна. Публиката во салата со аплауз ги дочека актерките со режисерот Манчевски. По завршувањето на филмот, неочекувано публиката стана направи круг околу филмската екипа и френетично цели пет минути аплаудираше со извици: Браво!

Предводени од режисерот, трите актерки Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски поминаа на црвениот килим во Аудиториумот Парко дела Музика. Покрај нив на најдолгиот филмски црвен килим во светот поминаа и продуцентот Јане Ќортошев, директорот на Агенција за филм, Горјан Тозија, министерот за култура, Хусни Исмаили и Магдалена Димова, вршител на должност при Амбасадата на Македонија во Рим.

Македонските актерки го свртеа вниманието на себе пред светските медиуми, кои будно со своите камери го проследија секое нивно движење на црвениот килим.

Она што беше уште покуриозитетно е што беа извикувани нивните имиња од италијански фанови, кои беа наредени од страната и ги повикуваа да направат фотографии со нив и со режисерот Манчевски, кој е миленик на италијанските филмофили, а неговите филмови се вклучени во школската лектира.

Елегантно, гордо и достоинствено македонската филмска екипа помина на килимот.

Денеска и утре следуваат уште две фестивалски проекции. А многу наскоро филмот ќе има македонска премиера и веднаш потоа ќе биде на редовниот репертоар во скопските кино сали.

Фото: Ѓорѓи Клинчаров

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се укинува прогресивното оданочување и нема зголемување на даноците

Редакција

Најголем дел купени од фирмата “Колид“ од Колешино: За новогодишни пакетчиња државните институции и општините потрошиле 72.000 евра

Редакција

Кој стои позади лажните дојави за бомби во скопските училишта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница