еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Еден милион евра од ЕБОР за да се поттикнат домаќинствата на енергетска ефикасност

ЕБОР ги поттикнува инвестициите во зелена енергија во државата со кредитна линија од еден милион евра за Прокредит банка Македонија, информираат од банката.

„Средствата ќе го поддржат подобрувањето на енергетската ефикасност на станбените објекти, ќе помогнат во намалување на емисијата на гасови кои создаваат ефект на стаклена градина, и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата.

Прокредит Банка Македонија ќе ги позајмува средства на домаќинставата, здруженијата за домување и компаниите за сервисни услуги кои планираат да инвестираат во проекти на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Финансирањето на ЕБОР е под Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ).

Потенцијалните инвестиции ќе вклучат зелени технологии како бојлери, прозорци и осветлување. Зградите во земјата имаат итна потреба од реновирање и поставување на изолација, што ќе ги намали трошоците за потрошувачка на енергијата и ќе ја зголеми удобноста. Прокредит банка Македонија е третата македонска банка која се приклучува на оваа програма“, се вели во соопштението.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјани со протест побараа сериозни мерки против загадувањето на воздухот

Редакција

Со заем од ЕБОР ќе се купуваат 35 еколошки автобуси за Скопје

Редакција

АХВ: Откриено олово во јагоди и кадмиум во марула и спанаќ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница