еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сопругата на Груевски, Боркица со двете ќерки на прошетка во „Скопје Сити мол“

Екипата на „еМагазин“ синоќа ја забележа Боркица Груевска, сопругата на поранешниот македонски премиер, кој стана азилант во Унгарија, Никола Груевски во „Скопје Сити мол“ во Скопје.

Таа беше на прошетка низ продавниците со двете ќерки Анастасија и Софија.

Како и за време на мандатот на Груевски, така и по неговото бегство во Будимпешта, животот на Боркица е непознат. Груевски генерално се обидуваше семејството да го држи подалеку од очите на јавноста.

Шпекулациите кои се појавија за разводот, не се официјално потврдени.

Боркица не се појави на одбраната на докторатот на Груевски лани во јули на Економскиот факултет. Тогаш од неговото семејство дојдоа двете ќерки и неговата мајка.

Пред неколку дена беше објавена фотографија од Груевски од аеродромот во Будимпешта, па во јавноста и на социјалните мрежи се постави прашањето дали ќе патува некаде или дочекува некого.

Не е познато дали и кој од семејството го посетува Груевски во странство.

Заради заштита на приватноста на децата и нивно непотребно изложување во јавноста, „еМагазин“ одлучи да не го фотографира семејството во тие приватни моменти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Груевски фотографиран на аеродромот, ја напушта ли Будимпешта?

Фото: Фејсбук-профил на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЛДП: Преговарачката рамка не треба да содржи културни, јазични, историски и идентитетски прашања

Редакција

(Видео) Трагедија во Романија: Најмалку 10 загинати во пожар во болница за третман на Ковид-19

Редакција

Бројот на жртви се искачи на 1.523: Се намалува бројот на новозаразени со коронавирусот во Кина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница