еМагазин
Image default
Македонија

Барањата на Бугарите се неприфатливи, дрски, безобразни и навредливи за чувствата на етничките Македонци, вели историчарот Тодоров

Треба да има одреден одговор на тие барања кои се неприфатливи, дрски, безобразни и навредливи за чувствата на етничките Македонци, особено прашањата на јазикот и на етничкиот идентитет, но политичарите треба да одлучат како и на кој начин ќе одговорат на таа рамковна позиција на бугарската влада, вели историчарот Петар Тодоров, кој е член на Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На прашањето што треба да се коригира од македонска гледна точка тој тврди дека во бугарските учебници има многу проблематични делови во тоа како се градат претставите за соседните народи, вклучувајќи го тука и македонскиот народ, но и народите со муслиманска вероисповед.

„Она што ние сметаме дека е најпроблематично е тоа што во бугарските учебници се создава една претстава дека постојат бугарски неослободени земји надвор од територијата на денешна Република Бугарија и тоа е многу проблематично кога станува збор за современата настава по историја, бидејќи на тој начин учебниците им праќаат порака на децата дека сè уште има неослободени бугарски земји кои можеби утре ќе треба да се ослободат“, додава Тодоров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 296 случаи на Ковид-19 од 1.253 тестирања

Редакција

Ударите кои ги задала обвинетета Клементина Левковска не придонеле кон смрта на Денис Тот, смета одбранта на обвинетата

Редакција

(ВИДЕО) Се сретнаа пред Кривичен: Боки13 и рече на Русковска дека лаже

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница