еМагазин
Image default
Македонија

Државјанин на Македонија во Швајцарија обвинет за регрутирање борци на ИД

Швајцарското Јавно обвинителство покрена обвиненија против две лица, од кои едниот државјанин на Швајцарија и Северна Македонија, под сомнеж за регрутирање борци во редовите на џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Јавното обвинителство на Швајцарија соопшти дека двајцата осомничени се товарат за „поддршка и членство“ во ИД, вклучително и за ширење на пропаганда на џихадистичката група. Осомничените, чии имиња не се соопштени во интерес на истрагата, живееле во северозападниот дел на Швајцарија.

Државјанинот на Швајцарија и Северна Македонија бил приведен кога се обидел да отпатува за Сирија, преку територијата на земјава. Тој е осомничен дека регрутирал еден борец на ИД.

Другиот осомничен, со двојно, швајцарско и италијанско, државјанство, се товари дека престојувал на териториите под контрола на ИД во Сирија, по што се вратил во Швајцарија, каде регрутирал неколку лица да се борат во редовите на џихадистичката група.

Истрагата против државјанинот на Швајцарија и Италија започнала во февруари 2015 година, по што подоцна таа е проширена и на вториот осомничен.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Графикон) На возраст од 50-59 години се најголем дел од заболените со коронавирусот во Македонија

Редакција

Ќе добие ли Собранието дури пет потпретседатели

Редакција

Најнови податоци од ДИК: СДСМ 36.9, ВМРО-ДПМНЕ 35.9, ДУИ 10.18, АА и А 8.13

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница