еМагазин
Image default
Балкан

Ципрас: Кредибилитетот на ЕУ ќе се цени според европерспективата на Западен Балкан

Кредибилитетот на ЕУ ќе се оцени и според тоа дали ќе успее да обезбеди европска перспектива на Западен Балкан, а паралелно ќе се оцени и способноста на новата грчка влада да покаже политичка храброст, рече лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас во неговиот говор на вториот ден од Евро-арапскиот светски самит, jави дописничката на МИА од Атина.

И во двата случаи, и во однос на ЕУ и во однос на владата, Ципрас рече дека треба да се искористи Договорот од Преспа.

– Сметам дека во следниот период, во голема мерка ќе се оцени како кредибилитетот на Европската унија, така и способноста на Грција да ги одбрани и да ги искористи сите важни достигнувања во изминатите години во надворешната политика што и дадоа нова геополитичка динамика во регионот.

Кредибилитетот на ЕУ ќе се оцени на Балканот, на Блискиот Исток и во југоисточниот Медитеран, ќе се оцени според тоа дали ќе успее да ја обезбеди европската перспектива на Западен Балкан, а со тоа и стабилноста во регионот искористувајќи го историскиот Договор од Преспа, историски чекор меѓу два народа во регионот, рече лидерот на СИРИЗА.

Според Алексис Ципрас, во исто време ќе се оцени и способноста на Грција да ги одбрани и искористи достигнувањата во надворешната политика.

-Пред сѐ ќе се оцени дали новата влада ќе ја покаже неопходната политичка храброст да го заштити националното достигнување на Договорот од Преспа, против што со неодговорен популизам се бореше како опозиција, додаде поранешниот грчки премиер.

Лидерот на СИРИЗА во неговиот говор на Четвртиот Евро- арапски светски самит што од вчера се одржува во Атина, говореше за областите во кои може да постои соработка меѓу Европа и Арапскиот свет.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас: Сакав да најдеме решение за името со Груевски, но тој одбиваше

Редакција

(ВИДЕО) Илјадници верници го бакнаа телото на митрополитот Амфилохије кој почина од Ковид-19 

Редакција

(Фото) Бугарите се возбудија оти некој на својата тераса во Пловдив ставил македонско знаме

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница