еМагазин
Image default
Локално

Шилегов: Град Скопје пред Нова Година ќе почне со изградба на траса за трамвај

Град Скопје повеќе не прави студии за трамвај, туку пред Нова година ќе почне да го гради, најави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на трибината „Чекор по чекор за Скопје, две години со Петре Шилегов“.

Скопскиот градоначалник посочи дека новите автобуси ќе бидат на погон на водород кој произведува електрична енергија што ги движи, а нус производ е вода и имаат нула емисија на штетни госови во атмосферата. Тој очекува од февруари да бидат пуштени во сообраќај.

„Скопје ќе добие сосема поинаков јавен градски превоз што ќе овозможи да се забрани движењето на автомобили во централното градско подрачје“, рече Шилегов.

Нагласи дека паралелно ќе се развиваат двете трансферзали во Градот, исток – запад и север – југ односно, од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и од Кисела Вода до Бутел.

МИА/Фото:Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пијан“ сообраќај во Битола: Кај 28 возачи утврдено присуство на алокохол

Редакција

Тешко повредена малолетна битолчанка во сообраќајка меѓу мопед и „Ауди“

Редакција

(Видео) Кавга на Арсовска и Славевски во Советот на Град Скопје заврши со полиција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница