еМагазин
Македонија

Откако вчера го проблематизираше датумот, Заев денеска ги повика партиите да се спремат за избори

Политичките партии да си ги спремат листите за кандидатит за пратеници за предвремените парламентарни избори на 12 април 2020 година, бидејќи целата постапка околу ратификацијата за членството во НАТО се очекува да биде завршена до 11 февруари, кога се распушта актуелниот парламентарен состав, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

-Сите проекции, што ги направивме е дека останува само Шпанија, која на 10 ноември има парламентарни избори, има закажано конституирање на Парламентот на 3 декември. Тоа значи дека го имаме цел декември, цел јануари, и десетина дена од февраури, и те како постои соодветно време да се реализира. Не сакам да испратам никаква порака до било која политичка партија и потенцијални кандидатски листи за изборите да не се подготвуваат, вели Заев.

Тој акцентираше дека 12 април е договорен датум за предвремените парламентарни избори, а дотогаш треба да се изготват програмите, кандидатските листи и да се испорачат пред граѓаните, коишто треба да одлучат на кој ќе му го доверат четиригодишниот мандат.

-Генерално не очекувам промена на датумот за изборите, но истовремено испраќам порака дека треба да ја знаеме одговорноста кон државата, а како што и бевме одговорни и да повикаме веднаш на парламентарни избори, како што бевме одговорни да седнеме и како разумни луѓе, да договориме датум за избори, сите заедно со консензус. Така секако сите треба да водиме грижа за интересите на државата, вели Заев.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Важни се договорените датуми за техничка влада и изборите

“Висат“ предвремените парламентарни избори?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради опструкции Собранието во моментов не може да избере уставни судии, вели Џафери

Редакција

Убава вест: Оздравени 154 пациенти заболени од Ковид-19

Редакција

Грчки војници ќе вежбаат на Криволак во рамки на „Balkan Warrior 23“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница