еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Општина Кавадарци ќе го користи изумот на професорот Ангелков, „паметни канти“

Димитрија Ангелков, првонаградениот професор од Кавадарци на најголемиот саем за образование во италијанскиот град Фиренца, беше на прием кај градоначалникот Митко Јанчев.

Тие, како што информираат од општината, разговарале за за идни проекти иницирани од последниот изум на професорот. Ангелков кој освои златен медал на Саемот за иновации Иновамак 2019 за „паметните канти“.

Иновацијата се состои во тоа што го решава проблемот со враќањето на пластичните, стаклени и метални шишиња за рециклирање. Доколку во кантата која прима само стаклени шишиња пробате да фрлите пластично шише, ќе ви даде коментар дека не прима таков отпад и да одите во другата да го фрлите, која е предвидена за тоа. Целиот систем функционира самостојно, затоа што соларниот панел генерира доволно енергија да работи целиот механизам и електроника.

Јанчев и  Ангелков дискутирале за можна соработка во блиска иднина најпрвин за сите јавни институции а потоа и поголеми проекти.

Имајќи предвид што во изминатата година Кавадарци беше на второ место како Еко Општина ,секако дека ваквите проекти само ќе не однесат чекор понапред до првото место како Еко Општина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Професор од Кавадарци измисли паметни канти

фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штип седми ден е со загаден воздух

Редакција

Казни за оние кои ја палат трската на Охридско езеро, но нема кој да казнува

Редакција

Влада: Постапката за избор на директор на НП „Галичица“ е целосно запазена

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница