еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судењето за „Рекет“ стартува на 3 декември, ќе го води судијката Васка Николовска – Масевска

Предметот „Рекет“ во кој  се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец стартува на 3 декември во 10 часот, информираат од Кривичниот суд.

Судењето ќе го води судијката Васка Николовска – Масевска.

Јовановски е првообвинет во случајот. Тој е обвинет дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“,

Јанева и Милевски се обвинети за „примање награда за противзаконито влијание“.

Јанева се товари и за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Јовановски и Јанева се уште се во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, а Кичеец е во домашен притвор.

Фото: Боки 13/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пајазити има многу пресуди кои што се дискутабилни, оставам на Судскиот совет да одлучи за неговата кариера, изјави Мицкоски

Редакција

Бензините поскапуваат за денар ипол, а дизелот за два денари

Редакција

Москва: Понудата на Киев за демилитаризација на Украина е компромис

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница