еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Почина Благоја Јордановски еден од првите народни учители и еден од основачите на детскиот фестивал „Златно славејче“

Почина Благоја Јордановски, еден од првите македонски народни учители, еден највредните и најпознатите активисти околу детското згрижување и напредување во нашата земја.

Јордановски е роден на 25.02.1930 година во Штип. Припаѓа на првата генерација народни учители кои ја завршија учителската школа во „Никола Карев”. Беше директор на пионерскиот дом „Карпош” и секретар на Градскиот сојуз за грижи и воспитување на децата од Скопје, како и учител и директор на децата прогонети од Егејска Македонија во градот Бела Црква, Војводина.

Тој е еден од основачите на детскиот фестивал „Златно Славејче“. Добитник е на наградата 13 Ноември за заслужен граѓанин за учество во тимот за обнова на Скопје по земјотресот во 1963 година како и други позначајни награди.

Погребот ќе се одржи на 16.11.2019 година на гратските гробишта во Бутел, со почеток во капела во 12:30 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од болницата „8 Септември“ апелираат граѓаните кои бараат медицинска помош, да даваат точни информации

Редакција

Најмногу дожд наврнал во Гевгелија и Дојран: Денеска времето променливо облачно со слаб локален дожд

Редакција

Oд вечерва и следните денови врнежливо време со грмежи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница