ЈП „Комунална хигиена“ Скопје по распишаниот тендер за набавка на горива склучи договор со друштвото за производство, трговија и услуги „Пуцко петрол“ увоз-извоз ДООЕЛ од село Пласница.
Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 66.657.297 денари или околу еден милион евра.
Предмет на набавката се над милион литри различни видови бензини, дизел, екстралесно масло за домаќинство и течен нафтен гас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Пуцко петрол“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на нафтени деривати вреден 1,1 милион евра
Кој е Исмаил Јахоски, чија компанија „Пуцко петрол“ „растура“ на тендери
Твитер „полуде“ за „Пуцко петрол“: „Уште еден тендер, па влагаме во ЕУ“