еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јовески: Првичните согледувања покажуваат дека по ист основ два пати се делеле надоместоци во СЈО

Првичните согледувања покажуваат дека по ист основ два пати се делеле надоместоци, а сомнение фрла тоа што додатоците за плата биле класифицирани информации, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, во однос на исплатите на бонусите во Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

– Сомнение фрла тоа што додатоците за плата се класифицирани информации. Втората насока е дека платите и надоместоците се утврдени согласно закон. Како што е познато јавните обвинители по три основи имаат додатоци, но кои не може да надминат 35 проценти од плата, односно трите вида дотатоци, за ризик, за доверливост и за услови за работа.

Првичните согледувања покажуваат дека по ист основ два пати се делеле надоместоци. Ако видите апсурдите до каде се донесени во делот на трошењето на државните пари, дека на пример еден секретар, има поголема плата од претседателот на државата. Дали е тоа оправдано, логично, треба да процениме. Со ова не ја прејудицирам постапката што Обвинителството ја води, вели Јовески во изјава за МИА.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ова е тоа за леб немаме, чоколадо јадеме“: Надоместоците на обвинителите на СЈО хит на Твитер

Истражители влегоа во просториите на СЈО за да обезбедат финансиски документи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изречени 617 казни за неносење заштитна маска

Редакција

Лидерите „демек“ загрижени за нашето здравје, со различна математика за датум за избори

Редакција

Доктор Софијанова: И во други градови има зголемен број на деца со горно-респираторна симптоматологија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница