еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Разрешена директорката која им се закануваше на учениците за протестот против загадувањето

Директорката на скопската гимназија „Никола Карев“ е разрешена откако на социјалните мрежи се појави видео во кое таа им се заканува на учесниците што денеска протестираа против загадувањето.

Решението за разрешување е донесено од страна на градоначалникот Петре Шилегов веднаш по објавената снимка.

– Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да ги исполнуваат принципите според кои се избрани како почитувањето на правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи. Оваа градска администрација стои зад сечие право на протест и слободно мислење и во неа нема место за закани кон средношколците и нивното демократско право на собир и протест, се вели во соопштението од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека правото на здрава животна средина е неприкосновено, исто како и правото да се протестира за него.

– Битката против климатските промени и за чистиот воздух мора да биде заедничка, на институциите, но и на граѓаните. И не само декларативна, туку и конкретна. Институциите да предначат, а граѓаните со свој пример да учествуваат во неа. Само така, таа битка може да ја добиеме. Сите заедно. Токму заради иднината на нашите млади, велат од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Македонските средношколци со бојкот на наставата против загадувањето

Фото: Фејсбук/Скопје мора да дише/видео: Фејсбук/Средношколците за Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

myWorld Македонија го збогатува своето портфолио со уште една успешна соработка

Редакција

„Блумберг“: „Отфрлената“ вакцина на Путин стана омилена во борбата против пандемијата

Редакција

(Фото) Тикви со обем од два метра и тешки над 70 кг произведени во кочанското село Тркање

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница