Македонската независна културна сцена загуби голем борец откако вчера на 41 година почина актерката и режисерка Милиана Ленак.
Таа беше основач на „Буден театар“, една од ретките независни театарски дружини во земјава, како и основач на Меѓународниот фестивал за детски театар „Фенер“, можеби единствен кој го негуваше куклениот театар.
Ленак беше и текстописец и зад себе остави повеќе театарски претстави, монодрами и филмски улоги.
Таа дипломира на театарската академија „Крсто Сарафов“ во Софија, а постдипломски студии по режија има на Меѓународната школа на ФАМУ во Прага.